24 јануари 2025 Новости
Еден од најважните чекори во третманот на пациентките со малигни заболувања е прецизната идентификација на сентинел лимфните јазли – првата „линија на одбрана“ што го заштитува телото од ширењето на оваа подмолна болест. Благодарение на техниката на сентинел мапирање со индоцијанин зелена (ICG) флуоресценција, денес можеме да постигнеме нешто што до пред неколку години изгледаше невозможно.