3 септември 2024 Новости
Гастроскопијата е најдобриот метод за откривање на абнормалности во горниот дел на гастроинтестиналниот систем. Гастроскопија е често изведувана процедура со која се овозможува директна визуелизација на внатрешноста на гастро-интестиналниот тракт (хранопроводник, желудник и дванаесетпалачно црево). Се изведува со помош на гастроскоп кој е флексибилен, совитлив инструмент. Гастроскопијата е иницијална процедура за потврдување на рефлуксен езофагит (рефлуксна болест), потврда на чир на желудникот и дуоденумот, но и за откривање на карцином на желудник и хранопровод.




