16 мај 2025 Новости
Тироидната жлезда е ендокрина жлезда која има големо значење за правилното функционирање на целото тело. Се наоѓа под гркланот, од двете страни на дишникот и е позната по својата форма која личи на штит, па затоа е наречена штитна жлезда. Иако мала, оваа жлезда има клучна улога во метаболизмот и во одржувањето на балансот на бројни витални функции во организмот.