30-годишна пациентка која претходно била оперирана во друга болница за време на породување, каде поради обилно крварење ѝ била извршена суптотална хистеректомија (отстрането телото на матката, но оставено грлото). Постпартално (по породувањето) пациентката поради силни болки доаѓа во нашата болница каде беше констатиран голем ретроперитонеален хематом кој во тој момент го третиравме конзервативно - без хируршка интервенција.