surgery-plodnsot-1200x1184.jpg
Првиот квартал од 2025 година го започнавме со посветена хируршка работа и врвна прецизност во изведбата на некои од најкомплексните гинеколошки интервенции во регионот. Со користење на најсовремена лапароскопска технологија и индивидуализиран пристап кон секоја пациентка, тимот на Болница Плодност, предводен од Д-р Христијан Трпчевски, постигна извонредни резултати и обезбеди безбедност, брзо заздравување и зачувување на анатомијата и фертилитетот.
Избрани интервенции што ги одбележаа првите месеци од 2025 година:
Парааортокавална и пелвична лимфаденектомија Изведена кај пациентки со ран оваријален или ендометријален карцином. Интервенцијата вклучува прецизна дисекција во близина на аортата, вена кава и големите крвни садови во малата карлица. Се изведува кај пациенти со рана фаза на рак на јајниците или на ендометриумот. Вклучува прецизна дисекција во близина на аортата, вена кава и големите карлични садови.