Ivf Success Story Diana Chose Plodnost Instead Of A Canadian Ivf Centre

Новости

another-ivf-milestone-at-hospital-plodnost.jpg

4 мај 2025 Новости

Кога упорноста, науката и човечката надеж се сретнуваат – се раѓаат чуда. Во Болница Плодност сме сведоци на многу такви моменти, но приказната на 56-годишната Слаѓана Штајнерман од Србија е еден од највпечатливите примери. Живеејќи во Германија, таа пред една година дојде во Плодност по долг и тежок пат, со една желба – да стане мајка. И покрај возраста и предизвиците, нејзината верба беше силна, а нашата медицинска проценка покажа дека со вистински пристап, можноста постои. 


world-ivf-congress-2025-in-tokyo.jpg

2 мај 2025 Новости

Во периодот од 26 до 29 април 2025 година, Прим. Д-р Таше Трпчевски имаше чест да биде дел од еден од најзначајните светски настани во областа на репродуктивната медицина – IFFS World IVF Congress 2025, кој оваа година се одржа во Токио, Јапонија. Настанот се одржа под темата „Разновидност, одржливост и отпорност во репродуктивната медицина“, со акцент на предизвиците и иновациите во третманот на неплодност на глобално ниво. Конгресот собра водечки светски имиња од областа на асистираната репродукција, вклучувајќи лекари, ембриолози, истражувачи и претставници од меѓународни здруженија. 


ivf-story-plodnost.jpg

10 февруари 2025 Новости

Дијана Митрова има 33 години и доаѓа од Велес. Нејзината животна приказна е доказ дека довербата, времето и вистинскиот тим прават разлика. И покрај тоа што работи во канадски ИВФ центар, Дијана одлучи својата бременост да ја довери токму на македонскиот тим на Болница Плодност. По три години обиди за природно зачнување, неуспешни инсеминации и административни пречки од страна на ФЗОМ, каде ѝ беше побарана лапароскопија за да добие финансирање, Дијана ја донесе клучната одлука да дојде во Плодност. Таму ја пречека доктор Таше Трпчевски, кој по детална консултација утврди дека лапароскопија не е потребна и дека веднаш може да се започне со ИВФ циклус.


© 2025 Hospital Plodnost. All Rights Reserved.

MK