11 април 2025 Новости
Првите минути од животот се најкритични. Во тие моменти се поставуваат темелите за здрав почеток. Токму затоа во Болница Плодност не оставаме ништо на случајност. Тимот на медицински сестри од неонатолошкото одделение, под внимателен надзор на нашите неонатолози, успешно го заврши најновиот тренинг за неонатална реанимација според протоколите на American Heart Association и програмата за неонатална реанимација NRP.