Во Болница Плодност на родилките им се посветува големо внимание во однос на учењето за правилно доење, начинот на држење на главата на бебето, начинот на правилно поставување на дојката и на се останато што е потребно за првите чекори во оваа значајна постапка и за мајката и за бебето. Времето за прво доење е веднаш по раѓањето ако бебето е родено природно, или следниот ден, ако се работи за породување со царски рез. Многу е важно да се започне со правилен начин на доење. Затоа, нашиот медицински персонал и сестрите, постојано се во консултација со мајките и им помагаат да се оствари првичниот контакт со бебето и правилно да започне процесот на доење.




