Гастроентерологијата е медицинска специјалност која се занимава со заболувања на дигестивниот систем. Гастроентеролошките специјалисти дијагностицираат, третираат и следат состојби кои ги зафаќаат хранопроводот, желудникот, црниот дроб, панкреасот, жолчните канали, цревата, ректумот и анусот. Современата гастроентерологија е насочена кон рана дијагностика и превенција на воспалителни, метаболички, автоимуни и туморски заболувања на дигестивниот систем.
Некои од најчестите симптоми кои укажуваат на потреба од консултација со гастроентеролог се:
Што вклучува консултацијата со гастроентеролог во Плодност Интермед
Консултацијата вклучува разговор за клиничките симптоми, преглед на медицинска документација и детален преглед на абдоменот. Се изведува и абдоминален ултразвук со висококвалитетна апаратура. Во зависност од симптомите, може да се закажат дополнителни испитувања, како што се ендоскопски, функционални, лабораториски, ректални и аноскопски прегледи.
Во амбулантските услови на Плодност Интермед, пациентите можат да:
Во многу случаи, дијагнозата, третманот и следењето на хемороидалната болест можат да се спроведат амбулантски. Главните методи за нехируршки третман вклучуваат медикаментозна терапија, третман со лигирање на вените и фотокоагулација.
Плодност Интермед се наоѓа во Болница Плодност.