Тимската работа е главна карактеристика на ОАРИЛ во Болница „Плодност“ и нуди најсовремени и висококвалитетни анестезиолошки услуги, употребувајќи најсовремена апаратура од познати светски произведители. Одделот обезбедува 24/7 часовна специјалистичка дејност, според највисоките стандарди (ASA, ESA, ESRA).
Улогата на анестезиолозите во ОАРИЛ е повеќенаменска и тие обавуваат повеќе дејности:
1. Консултативна дејност
Вообичаено се реализира при првата средба во анестезиолошката амбуланта, а опфаќа:
2. Анестезиолошката дејност:
Во родилниот блок се практикуваат:
3. Постанестетички надзор на оперираните
Во оваа единица се третираат пациентите непосредно во постоперативниот и постанестетичкиот период. Пациентите се под проширен мониторинг на хемодинамиката, респираторната и останатите витални функции. Се спроведува оксигенотерапија, додатна аналгезија, се прати будноста, се превенираат несаканите ефекти од анестезијата. Тука пациентите престојуваат до стабилизација на виталните функции.
4. Единица за интензивно лекување (ЕИЛ)
Тимскиот пристап во работата во ЕИЛ овозможува лекување на пациенти на кои им е потребен специјален третман поради загрозени или нарушени витални функции, независно од типот на заболувањето. ЕИЛ, оперативниот блок, акушерскиот блок и неонатолошкото одделение се под посебен режим на спроведување на мерките од програмата за превенција на интрахоспитални инфекции.
5. Реанимацијата
Реанимацијата е една од дејностите на анестезиолозите, кои се оспособени за сите реанимациони процедури за основно и напредно одржување во живот кај сите возрасти без исклучок.
6. Третман на акутна и хронична болка
Една од повеќето дејности на анестезиологот е и сузбивањето на болката во акутен или хроничен стадиум.Процедурите и третманот се спроведуваат за оперирани и неоперирани стационарни пациенти.Вакви услуги им се нудат и на нехоспитализирани пациенти во дневната болница.
Модерните анестезиолошки методи овозможуваат безболни операции. Анестезијата значи елиминација на чувствата. Анестезиолошкиот тим ги контролира пред, за време и после операцијата крвотокот, дишењето и другите витални органи на пациентката/пациентот. Докторите специјалисти по анестезиологија извршуваат работни задачи во оперативниот и родилниот блок, во одделот за интензивна нега и одделението за третирање на хронична болка.