Gastroenterology At Plodnost Intermed

Гастроентерологија во Плодност Интермед


Гастроентерологијата е медицинска специјалност која се занимава со заболувања на дигестивниот систем. Гастроентеролошките специјалисти дијагностицираат, третираат и следат состојби кои ги зафаќаат хранопроводот, желудникот, црниот дроб, панкреасот, жолчните канали, цревата, ректумот и анусот. Современата гастроентерологија е насочена кон рана дијагностика и превенција на воспалителни, метаболички, автоимуни и туморски заболувања на дигестивниот систем.

Некои од најчестите симптоми кои укажуваат на потреба од консултација со гастроентеролог се:

  • Хронична болка во абдоменот
  • Крварење и/или болка во анусот и ректумот
  • Промени во ритамот на празнење на цревата (пролонгирана дијареја и/или запек)
  • Жиговина, рефлукс, хронична гадење и повраќање
  • Ненадејно губење на телесна тежина, хроничен замор, губење на апетит
  • Ненормални лабораториски вредности (анемија, покачени ензими на црн дроб)
  • Позитивна семејна историја на рак на желудник, дебело црево и ректум

Doctor Cardiology Specialist Providing Treatment And Expert Care Experience Specialist

Што вклучува консултацијата со гастроентеролог во Плодност Интермед
 
Консултацијата вклучува разговор за клиничките симптоми, преглед на медицинска документација и детален преглед на абдоменот. Се изведува и абдоминален ултразвук со висококвалитетна апаратура. Во зависност од симптомите, може да се закажат дополнителни испитувања, како што се ендоскопски, функционални, лабораториски, ректални и аноскопски прегледи.

Во амбулантските услови на Плодност Интермед, пациентите можат да:

  • Закажат консултација и преглед кај високо квалификуван гастроентеролог
  • Изведат абдоминален ултразвучен преглед
  • Спроведат ано-ректална инспекција и дијагностика
  • Добијат третман за хемороидална болест

Во многу случаи, дијагнозата, третманот и следењето на хемороидалната болест можат да се спроведат амбулантски. Главните методи за нехируршки третман вклучуваат медикаментозна терапија, третман со лигирање на вените и фотокоагулација.

Плодност Интермед се наоѓа во Болница Плодност.

 



Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност




Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност




Администрација Работно Време
ПОН-ПЕТ 08:00 – 19:00
САБ
08:00 – 13:00
Ординација по Педијатрија


Педијатрија Работно Време
ПОН-ПЕТ 08:00 – 13:30
САБ-НЕД Затворено

© 2025 Hospital Plodnost. All Rights Reserved.

MK