Специјализиран оддел за амбулантни интервенции со врвна грижа и минимален опоравок
16 јуни 2025

Во рамки на Болница Плодност функционира Дневна болница – посебен оддел кој е наменет за изведување на кратки дијагностички и терапевтски процедури, по кои пациентките можат да се вратат дома истиот ден. Овој модел овозможува ефикасен третман, без потреба од престој во болница, со комплетна безбедност и надзор од страна на нашите специјалисти.
🔹Најчести интервенции кои се изведуваат во Дневната болница:
-
Полипектомија - отстранување на цервикални или ендометријални полипи
-
Ласерски третман на кондиломи – неинвазивно отстранување на генитални брадавици
-
Инцизии и третман на рани – хируршки сечења на апсцеси, чистење и преврски
-
Инфузиона терапија – администрација на витамини, минерали или медикаменти преку инфузија
-
Марсупијализација – оперативно решение за цисти на Бартолиновата жлезда


Сите процедури се изведуваат со локална или краткотрајна анестезија, во целосно контролирана средина. Нашиот медицински тим е составен од врвни гинеколози, анестезиолози и медицински сестри кои се грижат за секој аспект на удобноста и безбедноста на пациентот.
💡 Предности на Дневната болница:
-
Без потреба од ноќевање
-
Брзо враќање во секојдневни активности
-
Помал стрес и економски поповолно
-
Висок стандард на медицинска грижа
📞 Закажете консултација на: 047 208 880