Болница „Плодност“ доби европски сертифициран ембриолог

Болница „Плодност“ доби европски сертифициран ембриолог

30 јули 2018

Дека успесите на Болница „Плодност“ не се случајни и се базирани на научна основа, макотрпна работа и едукација на нашиот тим, потврдува уште еден вреден светски признат сертификат, кој се најде во рацете на лице вработено во Болница „Плодност“ Битола.

Така, деновиве му беше врачен сертификат на ембриологот Николче Огненовски, од страна на ESHRE (Европско здружение за хумана репродукција и ембриологија), која го препознава како ESHRE сертифициран клинички ембриолог. Во голема конкуренција, кандидати од речиси цел свет полагаа на различни теми и области од ембриологијата, а Огненовски успешно ги положи сите испити и се стекна со овој сертификат.

Важноста е уште поголема со тоа што насекаде низ Европа, Николче Огненовски преку овој сертификат е признат како сертифициран клинички ембриолог. Честитки до нашиот колега, а неговиот успех е мотив повеќе и за престојните успеси на сите членови на врвниот тим на Болница „Плодност“.


Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност




Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност



Контакт


Закажи Преглед

Администрација Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 19:00
САБ 08:00 – 13:00

Ординација по Педијатрија

Педијатрија Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 13:30
САБ-НЕД Затворено


Локација

lokacija-plodnost

Болница Плодност се наоѓа на улица Асном бр.9 (на патот за лавчанска населба познато како Лавци). За насоки до нашата болница кликнете на подолниот линк.

© 2023 Болница Плодност. Сите права се задржани.

mk_MK