ПО ЛАПАРОСКОПСКИ ПАТ ИЗВАДЕНА ЦИСТА ОД 14 САНТИМЕТРИ – ПАРАОВАРИЈАЛНА
15 мај 2022
Кај млада девојка во Болница Плодност успешно е извадена циста параоваријална (до јајчникот). Ова е доста карактеристичен случај. Девојката пред два месеци е третирана лапароскопски на друго место, само со пункција, односно празнење на течноста.
„Кај нас, пациентката доаѓа со болки и видлив ултрасонографски наод за параоваријална циста од 14 сантиметри.“
„При експлорација, огромната цистична маса беше срасната со црева и оментум. Направена е обемна атхезиолиза и делиберација на цревата, после кое се прикажува цистата, од која се евакуирани 2 литра течност. Направена е тотална цистектомија со конзервација на јајчникот, бидејќи пациентката нема остварено репродукција.“
„Ова беше навистина тешка и обемна лапароскопска операција, поради колизијата со цревата, а во нашата болница ова е веќе рутина. Претходно, во слични постапки, биле извадени и поголеми цисти до 25 сантиметри, со 4-5 литри течност“, истакна по операцијата, нашиот лапароскопски експерт, д-р Христијан Трпчевски.
Пациентката ја напушти болницата, веќе следниот ден.