







Неонатологија
Одделот за Неонатологија ги нуди најсовремените услови за третман на здрави новородени и полуинтензивна нега, кои вклучуваат употреба на врвна медицинска опрема како и едуциран персонал. Во одделот се спроведува системот мајка/дете (rooming in).
Во деновите по раѓањето, врз новороденчињата се применува ултразвучен и клинички скрининг на колкчиња, скрининг за хипотиреоза, ехокардиогравски и ултразвучен преглед на ЦНС, третман на постпородилна жолтица, давање на БЦГ и Хепатитис Б вакцина. Во состав на одделот постои современа лабораториска дијагностика како и можност за примена на дигитална ренгенска дијагностика.
Одделот располага со посебен простор за изолација на новородени со постпородилни инфекции и нивен соодветен стручен и навремен третман со адекватна терапија, како и 24 часовен мониторинг. Одделот е опремен со најсовремен транспортен инкубатор за новородени како и високо софистрицирано сопствено транспортно амбулантско возило достапно 24 часа. Полуинтензивната нега располага со 3 инкубатори со придружна опрема за интензивна нега (инфузиомати, перфузори, монитори, фото лампи, вормери, биличек, ултразвучен апарат ).
Услуги кои ги нуди неонатолошкото одделение:
- Предпородилна едукација на родители и нега на новороденче
- Едукација на мајките за успешно доење по системот „десет чекори до успешно доење” од тим на високо едуцирани сестри.
- Реанимација, стабилизација и третман на новородените деца
- TSH screening
- Ортопедски и кардиолошки скрининг
- Транскутано (бескрвно ) одредување на билирубин, како и лекување на хипербилирубинемиите со фототерапија
Во одделот за неонатологија функционира амбуланта каде перманентно се следат новородените во нивниот раст и развој. Тимот на неонатологија е составен од тројца неонатолози и високо едуциран медицински персонал.

Прим. Д-р Аница Апчевска Василева
Педијатар
Спец. д-р Маргарита Камбовска
Педијатар
Спец. д-р Марика Мишиќ
Педијатар
Ребека Алексовска
Главна мед. сестра
Марина Тунтевска
Одговорна мед. сестра
Виолета Анастасова
Медицинска сестра
Силвана Божиновска
Медицинска сестра
Сузан Драла
Медицинска сестра
Марија Павловска
Медицинска сестра
Тања Дукоска
Медицинска сестра
Фросина Талевска
Медицинска сестра- Category
- Неонатологија