Права и должности на пациентите


Здравјето е едно од основните човекови права, неопходни за исполнување и на останатите човекови права. Правата на пациентите се главните човекови права и вредности. Нашата мисија е да ги почитуваме правата на пациентите, со цел да го зголемиме квалитетот на здравствените услуги и да ги задоволиме потребите на луѓето кои ни го довериле сопственото здравје.

Специјалната болница „ПЛОДНОСТ“ презема одговорност да ги информира пациентите и нивните семејства за правата и обврските, со целосно почитување на достоинството на личноста на пациентот.
Овој текст е изравотен во согласност со Законот за заштита на правата на пациентите (Сл.Весник на РМ бр.82/2008 и бр. 12/2009; The European Patient Rights Report (Amsterdam, 1994); World Physicians Association Report on Patient Right (Bali, 1995).

Права на пациентите

1.Давање на подеднакво достапни здравствени услуги за сите пациенти.

2.Создавање на подобар модел на соработка меѓу пациентите и медицинскиот персонал.

3.Активно учество на пациентот во процесот на медицинската грижа и третман.

4.Праведна постапка при избор на медицински третман, во услови кога постои можност за избор на соодветниот третман од страна на здравствената установа.

5.Можност за избор на здравствен работник и установа во рамките на здравствениот систем.

6.Обезбедување на контрола на здравствениот систем преку утврдување на примената на почитување на правата на пациентите.

7.Еднаква можност за заштита на правата на сите пациенти.

8.Сите пациенти во Специјалната Болница „ПЛОДНОСТ“ имаат право на информираност и право на прифаќање или одбивање на определена медицинска интервенција.

9.Како пациент имате право на разбирлив и соодветен начин да бидете целосно информирани за:

  • Вашата здравствена состојба,
  • Текот и постапката на препорачаните медицински интервенции,
  • Можните предности и ризици од спроведувањето.неспроведувањето на препорачаните медицински интервенции.

10.Пациентите имаат право да побараат второ стручно мислење за здравствената состојба.

11.Пациентите имаат право да прифатат или одбијат одредена медицинска интернвенција, освен во случај кога одложувањето или непреземањето на истата би го загрозило или би предизвикало привремено или трајно оштетување на нивното здравје и здравјето на другите лица. За пацитентите кои не се свесни, пациентите кои се примени во здравствената установа без нивна согласност, пациенти кои се деловно неспособни и за малолетни пациенти, изјава за согласност потпишува родител, законски застапник или старател.

12.Без писмена согласнот пациентите не можат да бидат вклучени во научни клинички истражувања и во медицинската настава.

13.Специјалната болница „ПЛОДНОСТ“ за сите пациенти води медицинско досие. Пациентите имаат право на увид во досието, да добијат копија од податоците/документите во него, како и да побараат нивно појаснување. Ова право може да го остварат и со писмено овластување на друго лице. Во случај на смрт на пациентот, право на увид во медицинското досие има брачниот или вонбрачниот другар, полнолетно дете, родител, брат или сестра како и законски застапник или старател.

14.Личните и медицинските податоци на пациентите се строго доверливи и се чуваат во тајност. Податоци за пациентите можат да бидат предадени на друго лице, само со писмена согласност на пациентот или доколку тие се неопходни за нивна медицинска интервенција во друга установа. За други видови на обработка (историска, научна), за истражувачки или образовни цели, податоците може да се искористат без да се открие идентитетот на пациентот.

15.Пациентите имаат право информациите за своето здравје да ги добијат на разбирлив јазик. За таа цел, на пациентите во Специјалната болница „ПЛОДНОСТ“ им се достапни услугите на преведувач.

16.Информациите за пациентите не се чуваат во болничките соби или други јавни простории, а персоналот не изнесува доверливи информации на пациентите во јавност.

17.Информатичкиот систем кој ги содржи податоците за пациентите е поддржан од сигурносен систем до кој пристап има само авторизиран персонал од болницата.

18.Пациентите треба да бидат информирани за името и презимето на персоналот кој се грижи за нив, за нивната стручна подготовка и титула во болницата.

19.Пациентите имаат право на професионални контакти со лица од здравствената установа, право на посета, примање/испраќање пошта и подароци, телефонски разговори на свој трошок, следење на телевизиски програми во согласност со Куќниот ред на болницата, како и користење отсуство за време на викенд со дозвола од доктор, доколку нивната здравствена состојба го дозволува тоа.

20.На свое барање, пациентот може да ја напушти болницата откако ќе даде писмена или усна изјава пред двајца сведоци кои ќе ја потпишат изјавата за неговото барање. Ова право може да биде ограничено доколку напуштањето на болницата би било штетно за безбедноста и здравјето на пациентот или за безбедноста и здравјето на други лица.

21.Специјалната болница „ПЛОДНОСТ“ на пациентите им обезбедува приватност при изведувањето на медицинските интервенции и при давањето лична хигиена. Истите се изведуваат во присуство на лицата кои се неопходни за извршување на интервенцијата.

22.Пациентите и нивното семејство имаат право да бидат информирани за дијагнозата, алтернативните третмани, планираната постапка, очекуваните позитивни резултати или можни компликации при изведување на истата од страна на докторот кој ја извршува интервенцијата.

23.Пациентите имаат право своите забелешки, предлози и пофалби за медицинскиот третман во болницата да ги напишат на анкетните листови или лично да му ги соопштат на Советникот за заштита на правата на пациентите.

24.Сите пациенти во Специјалната болница „ПЛОДНОСТ“ имаат право да бидат заштитени од физички напад од персоналот во болницата, други пациенти или трети лица за време на престојот во болницата. На стратешките места во болницата има распоредени сигурносни камери со 24-часовен мониторинг. На сите влезови во болницата има лица за обезбедување и се врши идентификација на сите посетители во болницата.

Должности на пациентите

Покрај одредените права, секој пациент има и свои обврски за време на престојот во Специјалната болница „ПЛОДНОСТ“. Дел од нив се однесуваат како законски обврски, а дел се произлезени од Куќниот ред на самата болница.

1.За време на престојот во Специјалната болница „ПЛОДНОСТ“, пациентите се должни да го почитуваат Куќниот ред во болницата, кој им се дава на увид и потпис при приемот во болницата.

2.Пациентите се должни да дадат точни и целосни податоци за нивниот идентитет, адреса на живеење и здравствена состојба, како и да ја пријават секоја промена на личните податоци.

3.Пациентите се должни да постапуваат според советите на здравствените работници за нега, третман и рехабилитација и да се грижат за своето здравје.

4.Пациентите се должни да прифатат ангажман, доколку истиот е дел од рехабилитацијата и ресоцијализацијата во функција на реактивирање на социјалните вештини, како и активно да соработуваат со здравствените работници.

5.Како пациенти треба да го почитуваат професионалното и човеково достоинство на здравствените рабтници и целокупниот персонал во нашата болница, како и на другите пациенти.

6.Сите пациенти мораат да ја подмират својата финансиска обврска кон нашата болница за реализираните медициски услуги.

7.Според Законот за заштита на правата на пациентите, (Сл. Весник на РМ бр. 82/2008 и бр. 12/2009), во Специјалната болница „ПЛОДНОСТ“ постои Советник за заштита на правата на пациентите.

Пациентите можат да се консултираат и да добијат правни совети и помош во однос на остварување и заштита на правата како пациент. Од Советникот може да се побара да биде доставен за увид Законот за заштита на правата на пациентите. Текстот на законот е достапен и на интернет страницата на Министерството за здравство на Р. Македонија – www.moh.gov.mk



Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност




Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност



Контакт


Закажи Преглед

Администрација Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 19:00
САБ 08:00 – 13:00

Ординација по Педијатрија

Педијатрија Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 13:30
САБ-НЕД Затворено


© 2024 Болница Плодност. Сите права се задржани.

mk_MK