Успешно изведена миомектомија на длабок интрамурален миом
5 март 2025

Успешно изведена миомектомија на длабок интрамурален миом кај пациентка со три претходни спонтани абортуси.
Кај оваа пациентка, миомот најверојатно бил главната причина за спонтаните абортуси. Тој се протегаше по задниот ѕид на матката и делумно навлегуваше во маточната шуплина.
Со 3D лапароскопска техника го отстранивме миомот, а потоа внимателно ја реконструиравме матката во три слоја за да ја зачуваме нејзината функција.

