Современа гастроентерологија во Плодност Интермед
28 мај 2025

Прецизна дијагностика, навремен третман
Во последните години, гастроентерологијата игра сѐ поважна улога во навременото откривање и лекување на сериозни заболувања на дигестивниот систем. Во Плодност Интермед, дел од интерната медицина во состав на Болница Плодност, поставивме нови стандарди во областа на ендоскопската дијагностика и третман, со посебен фокус на колоноскопија и скрининг на колоректален карцином.
Најсовремена ендоскопска опрема и искуствен медицински кадар
Нашиот оддел е воден од реномираниот гастроентерохепатолог Науч. Сор. Д-р Емилија Николовска Трпчевска, специјалист со долгогодишно искуство во интерна медицина, гастроентерологија и хепатологија. Под нејзино водство, Плодност Интермед стана еден од ретките центри во Македонија кој нуди високо-прецизни и безбедни колоноскопии со најнова генерација на ендоскопска опрема.

Што може да се открие со колоноскопија?
Колоноскопијата е дијагностичка постапка што овозможува директен преглед на дебелото црево. Во раце на искусен тим и со соодветна технологија, таа претставува незаменлив метод за навремено откривање на:
Полипи – бенигни израстоци кои можат да прераснат во карцином ако не се отстранат навреме
Воспалителни заболувања – како улцеративен колитис и Кронова болест
Крварења од дигестивниот тракт – со прецизна локализација
Колоректален карцином – трет најчест малигном кај возрасната популација
Зошто да ја изберете Плодност Интермед?
Во Плодност Интермед се грижиме не само за дијагнозата, туку и за целокупното искуство на пациентот. Нудиме:
Скрининг колоноскопии со и без анестезија
Амбулантни услови со брза процедура и минимално време на чекање
Мултидисциплинарен пристап, во соработка со онколози, хирурзи и патолози
Целосна дискретност и професионализам
Превенцијата е клучна, особено кога се работи за болести кои често немаат симптоми во рана фаза. Колоноскопијата е најмоќната алатка за превенција на карцином на дебело црево и е препорачана како рутински скрининг после 45-та година од животот, особено ако постои семејна историја на заболувања.
Закажете консултативен преглед во Плодност Интермед на 📞 075 758 492 за повеќе информации.
Плодност Интермед се наоѓа во склоп на Болница Плодност, Битола.



