Лапароскопско поставување на серклаж
24 февруари 2025

Лапароскопско поставување на серклаж пред и за време на бременост е минимално инвазивна хируршка процедура која редовно ја изведуваме во Болница Плодност и која помага при зајакнување на грлото на матката кај жени со ризик од цервикална инсуфициенција и предвремено породување.
Ја поставуваме при следните случаи:
- Пред бременост – кај жени со историја на спонтани абортуси во втор триместар или многу кратко грло на матката.
- Во рана бременост, најчесто пред 12-14 недела за трајна заштита на бременоста.
Предности на лапароскопскиот серклаж:
- Поцврста и постабилна заштита од вагиналниот серклаж.
- Понисок ризик од инфекција и помалку траума за грлото на матката.
Оваа техника значително ја зголемува шансата за успешно носење на бременоста кај жени со висок ризик.
Телефонски број за закажување термин 📞047 208 880

