Ivf Success Story Dreams Come True

Успешна приказна за ИВФ: Соништата се остваруваат

Денеска споделуваме интересен случај на ИВФ каде пациентка по 6 неуспешни обиди во пет различни центри не се откажала од желбата да стане мајка. Ова е приказна за истрајноста, надежта и најсовремената медицинска технологија со која работиме во Болницата за плодност.

Успешна приказна за ИВФ: Соништата се остваруваат

11 март 2025
1.jpg

Денеска споделуваме интересен случај на ИВФ каде пациентка по 6 неуспешни обиди во пет различни центри не се откажала од желбата да стане мајка. Ова е приказна за истрајноста, надежта и најсовремената медицинска технологија со која работиме во Болницата за плодност.

Пациентката има 35 години и 10-годишен брак, но патот до бременоста беше исклучително тежок – шест неуспешни IVF обиди во пет различни центри.

Кога дојде кај нас, направивме детална анализа и увидовме дека времето на имплантација на ембрионот (window of implantation) не се совпаѓа со стандардните протоколи.

Затоа, решивме да направиме ЕРА тест (Анализа на ендометријална приемчивост) (за што претходно зборував во моето прво видео, кое можете да го погледнете на нашите социјални мрежи) – специјализиран молекуларен тест кој ни овозможува точно да одредиме кога матката е најподготвена да прифати ембрион.

Ова беше клучот како стигнавме до успешна бременост во овој случај...

Дополнително, користевме тајм-лапс ембриокултура (што се прави единствено само кај нас во целата држава), што ни овозможи 24/7 следење на развојот на ембрионите и избор на најквалитетните за трансфер.

Ivf Success Story: Dreams Come True

Благодарение на овој пристап, не само што ја постигнавме целта – туку имаме близнаци на пат!

Ова е уште еден доказ дека со персонализиран пристап и најновите технологии, можеме да направиме разлика дури и во најтешките случаи.

Им честитаме и им посакуваме се најдобро!


Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност




Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност




Администрација Работно Време
ПОН-ПЕТ 08:00 – 19:00
САБ
08:00 – 13:00
Ординација по Педијатрија


Педијатрија Работно Време
ПОН-ПЕТ 08:00 – 13:30
САБ-НЕД Затворено

© 2025 Hospital Plodnost. All Rights Reserved.

MK