ИВФ приказна што инспирира – Дијана ја избра Плодност пред канадски центар

Дијана Митрова има 33 години и доаѓа од Велес. Нејзината животна приказна е доказ дека довербата, времето и вистинскиот тим прават разлика. И покрај тоа што работи во канадски ИВФ центар, Дијана одлучи својата бременост да ја довери токму на македонскиот тим на Болница Плодност.
По три години обиди за природно зачнување, неуспешни инсеминации и административни пречки од страна на ФЗОМ, каде ѝ беше побарана лапароскопија за да добие финансирање, Дијана ја донесе клучната одлука да дојде во Плодност. Таму ја пречека доктор Таше Трпчевски, кој по детална консултација утврди дека лапароскопија не е потребна и дека веднаш може да се започне со ИВФ циклус.
Во текот на ембриотрансферот беа вратени два ембриони. Едниот се подели и дојде до тризначна бременост со висок ризик. Два ембриони се најдоа во иста амнионска кеса, додека третиот беше одвоен.
На 9-та недела, заедно со тимот на Плодност, беше донесена сериозна и стручна одлука за селективна ембриоредукција. Целта беше заштита на мајката и обезбедување стабилна бременост. Дијана се консултираше и со колегите од нејзиниот канадски центар кои беа изненадени што ваквата интервенција кај нас се прави порано отколку кај нив. Токму времето беше клучниот фактор што ја доведе бременоста до успешен исход.
Процедурата помина успешно и бременоста продолжи без компликации. Девет месеци подоцна, Дијана се породи по природен пат. Таа признава дека до самиот крај се двоумела за царски рез, но довербата што ја доби од доктор Таше беше пресудна.
Процедурата помина успешно и бременоста продолжи без компликации. Девет месеци подоцна, Дијана се породи по природен пат. Таа признава дека до самиот крај се двоумела за царски рез, но довербата што ја доби од доктор Таше беше пресудна.
Болница Плодност ја спојува стручноста, искуството и човечноста за да овозможи најдоброто ИВФ искуство во Македонија.