ИВФ Успешни Приказни со Близначки Бремености (Дел III)
23 јуни 2025

ИВФ Бејби Бум: Технологија, Упорност и Двојна Среќа
Во Болница Плодност, секоја близначка бременост е резултат на комбинација од знаење, напредна технологија и силна волја на пациентите. Ова е третиот дел од нашата серија ИВФ успеси со близнаци.
Пациентка со идиопатска неплодност – состојба кога нема конкретна причина, но бременост не се случува.
По 13 години брак, одлучивме да користиме Time-Lapse ембриоскопија, систем што го има само Болница Плодност во државата.
Со прецизна подготовка и тимска експертиза, успеавме: близначка бременост по години борба.

По 4 неуспешни обиди во други клиники, кај нас пациентката беше дијагностицирана со хидросалпинкс – состојба каде што воспалени матични туби го попречуваат имплантирањето.
Извршивме лапароскопска операција и веднаш започнавме нов ИВФ обид.
Резултат: близначка бременост – нова шанса по многу разочарувања.

Пациентка со полицистични јајници (ПКОЈ) и историја на ран абортус. Во вториот ИВФ циклус, користевме замрзнати бластоцисти и применивме ICSI, MACS и Time-Lapse технологија.
Постигнавме близначка бременост и уште 4 ембриони се замрзнати за идна употреба.

Три различни приказни, три докази дека кога технологијата и довербата се комбинираат – се случуваат чуда.