Ivf After 35 Real Stories Real Success

ИВФ приказни над 35 години: Трпение, технологија и вистинско време

Во светот на асистираната репродукција, возраста над 35 години често се смета за предизвик. Но во Болница Плодност, секоја година гледаме сè повеќе примери дека возраста не е пречка – кога имате прецизна дијагноза, индивидуализиран пристап и врвна технологија. Во оваа статија споделуваме три реални приказни за пациентки над 35 години кои, и покрај сите препреки, денес го држат својот сон во раце.

ИВФ приказни над 35 години: Трпение, технологија и вистинско време

22 јуни 2025
success-story-ivf.jpg
Во светот на асистираната репродукција, возраста над 35 години често се смета за предизвик. Но во Болница Плодност, секоја година гледаме сè повеќе примери дека возраста не е пречка – кога имате прецизна дијагноза, индивидуализиран пристап и врвна технологија.
Во оваа статија споделуваме три реални приказни за пациентки над 35 години кои, и покрај сите препреки, денес го држат својот сон во раце.
 
📍 IVF Случај 1: 37 години, 13 години брак, 4 неуспешни обиди во странство (Албанија, Италија)
Некои приказни бараат време. А некои – вистинското место.
Пациентката има 37 години, 13 години брак и 4 претходни неуспешни ИВФ обиди во странство. Дијагнозата беше машки фактор на неплодност.
Bо Плодност внимателно беше избран третман:
ИКСИ (интрацитоплазматска инјекција на сперматозоиди)
✅ Следење со Time-Lapse ембриоскопија
Овој пристап овозможи максимална селекција и услови за оплодување – и резултатот беше позитивен ултразвук.
 
Photo Shared By Hospital Plodnost On June 22 2025 Tagging Dr Tashetrpchevski
 
📍 IVF Случај 2: 44 години, 6 години обиди, 4-ти ИВФ циклус
Пациентка од 44 години со 6 години неплодност, претходна биохемиска бременост, низок AMH (0.3) и резултати од ERA тест. По три неуспешни обиди, го направивме четвртиот.
Употребивме:
✅ Индивидуализирана ERA (Endometrial Receptivity Analysis)
✅ CASA спермограма
✅ Time-Lapse технологија
💫 На овој циклус, за првпат – позитивен момент на ултразвук. Прецизноста носи резултат.
 
Photo By Hospital Plodnost On June 22 2025 Pzu Plodnost Bolnica Quot
 
📍 IVF Случај 3: 41 година, миом 1200g, донирана јајна клетка
Пациентка од 41 година, во брак една година, но во долготрајна борба со неплодност. Пред 3 години успешно ѝ беше отстранет миом од 1200 грама лапароскопски.
🌱 Сега, со вклучување во програмата со донирани јајни клетки, и внимателно следење со Time-Lapse технологија, нејзината приказна започнува ново поглавје.
 
Трите случаи се доказ дека:
🔹 Возраста не е пречка,
🔹 Технологијата напредува,
🔹 А шансата постои – со вистинскиот тим.
 
Emprio X Ray Scan Ivf

© 2025 Hospital Plodnost. All Rights Reserved.

MK