ИВФ приказни: инспиративни патувања до родителството

Секое патување до родителството е уникатно – исполнето со предизвици, надеж и истрајност
Продолжуваме со три нови инспиративни приказни:
Кога шансите се минимални, но надежта победува!
38-годишна пациентка со многу ниска оваријална резерва(AMH 0.2), нормална според наши референтни вредности (4-6.8), по два неуспешни обиди, повторно ни ја довери својата надеж. Со внимателно изработен третман, нејзината бременост стана реалност, доказ дека секој случај е единствен и дека секој заслужува шанса.

После загуба, доаѓаат две срца
34-годишна пациентка, во брак 10 години, која минатата бременост заврши со спонтан абортус во 13-та недела поради хромозомопатија (нарушувања поврзани со абнормалности во бројот или структурата на хромозомите) во случајов поради машки фактор.
На второто ИВФ оплодување кое беше овозможено со поддршка на ФЗОМ, имаме близначка бременост
Надеж после долгогодишна борба
38-годишна пациентка, во брак 5 години, ја започнавме втората IVF постапка откако првата не беше успешна. Овој пат, со замрзнати бластоцисти, нејзината желба стана реалност. Доказ дека упорноста, технологијата и медицинската експертиза можат да донесат нов живот.
Во Болница Плодност знаеме колку понекогаш е емотивно и физички тешко патувањето до остварување на потомство. Токму затоа остануваме посветени на најсовремена технологија, индивидуален пристап и безрезервна поддршка за сите наши пациенти.
За сите што се соочуваат со овие предизвици – знајте дека надежта секогаш постои и никогаш немојте да се откажувате!
📩Доколку имате прашања за IVF или сакате да дознаете како заедно можеме да го претвориме вашиот сон во реалност, контактирајте нè.
Телефонски број за закажување термин 📞047 208 880