Зголемување на плодноста кај мажите

Светски методи на ИВФ ТИМ во болница Плодност за зголемување на плодноста кај мажите.
Машката неплодност во последниве години зема се поголем замав. Една од методите кои се применуваат во Болница „Плодност“ во однос на овој проблем е ДНА фрагментацијата.
Со овај тест се добива реална анализа на ДНА интегритетот на спермата со која ќе се овозможи да се идентифицира машкиот парнер кој носи ризик да оплоди јајна клетка, или ако се оплоди подоцна да има неуспешна бременост која ке заврши со спонтан абортус. Ова е особено важно кај мажите со нормален спермограм. Инаку мажите со послаб спермограм имаат поголеми шанси да имаат повисок процент на ДНА фрагментација. Нормална бременост може да се случи кај паровите каде машкиот партнер има висок процент на сперма со ДНА фрагментација. Тој ембрион каде спермата има висок процент на фрагментација има лоша прогноза. Податоците и искуствата на многу експерти во оваа област покажуваат дека можат да се јават најразличен тип на мутации, резултирајќи во застој на ембрионот во развојот, може да настане спонтан абортус кај жената, аномалии кај новороденото и дури и канцер во млада возраст.
Голем фактор за сперм ДНА фрагментацијата е оксидативниот стрес. Други фактори се: инфекциите, фебрилни состојби, зголемената тестикулартна температура, диетата, примена на дрога, пушењето, смогот од надворешната средина, напреднатите години, проширени вени на тестисот и др.
Телефонски број за закажување термин 📞047 208 880

