From Tirana To Bitola After Many Failed Ivf Attempts She Finally Says Here I Am Overjoyed

Од Тирана по многу неуспешни ИВФ обиди – до Битола со „Еве ме, пресреќна!“

Оваа ИВФ приказна започнува по повеќегодишна борба со неплодност. Пациентката и нејзиниот сопруг поминале низ бројни неуспешни обиди во странство – Албанија, Италија, Грција. Дијагнозата вклучуваше комплексен фактор и кај двајцата, со мали шанси за природно зачнување.

Од Тирана по многу неуспешни ИВФ обиди – до Битола со „Еве ме, пресреќна!“

24 јуни 2025
ivf-tirana-patient-success-plodnost-hospital-tashe.jpg
„Здраво, докторе… Имам 46 години и конечно ќе станам мајка.“
 
Оваа ИВФ приказна започнува по повеќегодишна борба со неплодност. Пациентката и нејзиниот сопруг поминале низ бројни неуспешни обиди во странство – Албанија, Италија, Грција. Дијагнозата вклучуваше комплексен фактор и кај двајцата, со мали шанси за природно зачнување.
 
Токму во тој момент кога надежта станува сè помалку реална.
 
Одлучиле да се обратат во Болница Плодност – Битола.
 
Со научно поткрепен план, внимателен пристап и користење на донирани бластоцисти, тимот од ембриолошката лабораторија предложи најсовремен третман кој резултираше со успешна имплантација уште при првиот обид.
 

 
 
Во Плодност, не се држиме само до протоколите – туку работиме со разбирање, емоција и индивидуална грижа. Секоја пациентка е посебна приказна. Секој пар има свои причини, свои стравови и своја тивка надеж.
 
Таа денес ни напиша само едно:
„Еве ме. Пресреќна сум.“
 
Ова не е само успех на еден ИВФ циклус – ова е успех на довербата, на тимот, на методата.
 
Плодност ја отвора вратата и таму каде што другите ја затвораат.

© 2025 Hospital Plodnost. All Rights Reserved.

MK