Одделот за рентген дијагностика при Болница „Плодност“ користејќи најсовремена апаратура, реализира повеќе видови на рентгенски прегледи, мамографија и ултрасонографски прегледи (ЕХО).
Одделот за рентген дијагностика ги нуди следните услуги:
- Нативни и прегледни снимки на бели дробови, коски, абдомен и уринарен тракт
- Рендгенски преглед на акт на голтање, ждрело и храновод
- Рендгенски преглед на желудник и дванаесетпалечно црево
- Рендгенски преглед на тенко црево – пасажа
- Продолжена пасажа (желудник, тенко и дебело црево)
- Иригографија – преглед на дебело црево
- Фистулографија
- Инфузиона урографија – длабинско снимање на бубрези
- Микциона уретроцистографија
- Ретроградна уретрографија
- Хистеросалпингографија ХСГ
- Ехо на плункови жлезди
- Ехо на периферни лимфни жлезди
- Ехо на уринарен тракт (бубрези, мочен меур, простата)
- Ехо на абдомен
- Ехо на слепо црево
- Ехо на тестиси и ретроперитонеум
- Ехо на колкови кај бебиња
- Ехо на мускули
- Ехо на мозок – деца до 1 година
- Ехо на дојки со клинички преглед
- Мамографија
- Ехо на дојки и мамографија
- Галактрографија – снимање на канали на дојка
- Консултација