Одделот за асистирана репродукција во Болница „Плодност“ располага со врвен стручен тим и најсовремена опрема по последните светски стандарди. Со години наназад ИВФ одделот е лидер со најголем процент на успешност во ИВФ(IVF) процедурите не само во регионот, туку и во светски рамки, кои бележат над 50% успешност во постапките. Покрај самата процедура за време на третманот, која може да ги опфаќа двајцата партнери, тимот нуди насоки и поддршка потребни за пациентите, со кои ги надминуваат предизвиците. Болница „Плодност“ – место во кое можете да го реализирате Вашиот сон и да станете родители.
Предивикот на тимот во одделот за асистирана репродукција во Болница „Плодност“ е постојано да ги надминува своите поставени граници. Тоа го докажува преку реализираните забременувања во речиси невозможни случаи.
Специјалист гинеколог - Субспецијалист за стерилитет и инфертилитет
Клинички ембриолог - андролог
Инженер по биологија
Клинички ембриолог - андролог
Професор по биологија
Клинички ембриолог - андролог
Магистер фармацевт
Одговорна мед. сестра
Дипл. мед. сестра
Администрација
Педагошки факултет
Докторе, пред една недела се роди нашата мала Снежана. По 10 години борба, сè уште не можеме да веруваме дека ова мало ангелче е наше. Искрено ви благодариме вам и на вашиот тим што не се откажавте од нас и не ја исполнивте нашата најголема желба да станеме родители. Господ да ви даде убавини и да израдува многу идни родители. Се гледаме наесен кога ќе дојдеме да го земеме нашиот замрзнат ембрион
Ви благодариме многу за се што направивте за нас. Првиот круг на ИВФ го направивме во јули/август и успешно сме бремени со девојче. Ви благодарам од се срце 💖
Двојна среќа ⭐️ Лана и Горјана ⭐️ По долги години борба со неплодноста, сонот на оваа млада двојка стана реалност. Денес тие се горди родители на близнаци 👶🏻👶🏻