CT Siemens SOMATOM go.Up – Прецизна дијагностика за само неколку минути
30 јули 2025

Во Болница Плодност, врвната медицинска технологија е секогаш достапна за пациентите. Најновиот компјутерски томограф Siemens SOMATOM go.Up претставува важен чекор во современата дијагностика – уред кој овозможува брзи, безболни и прецизни снимки на целото тело.
Овој апарат овозможува висококвалитетни CT снимки на:
-
Глава
-
Врат
-
Граден кош
-
Абдомен
-
'Рбет и екстремитети
Кога се препорачува CT дијагностика?
CT снимките се клучни во случаи кога е потребна детална и брза проценка на состојбата:
-
Повреди на глава, врат или ‘рбет
-
Сомнеж за тумори, воспаленија или крварења
-
Главоболки, вртоглавици, губење на свест
-
Необјаснети абдоминални болки
-
Контрола кај пациенти со онколошки дијагнози
Снимките се добиваат во три пресечни рамнини (аксјална, сагитална и коронална), со комплетен извештај веднаш по прегледот.
Прегледите ги изведува д-р Елена Јорданоска Бисероска, специјалист по радиодијагностика со долгогодишно искуство и индивидуален пристап кон секој пациент.
Дополнителни радиолошки услуги достапни во Плодност:
-
Ехо на абдомен и мала карлицаЕхо на абдомен и мала карлица
-
Ехо на уринарен тракт
-
Ехо на тироидна жлезда и врат
-
Ехо на мускулоскелетен систем
-
Ехо на дојки со еластографија
-
РТГ на глава, синуси, 'рбет, граден кош и екстремитети
-
РТГ на колк, колено, скочен зглоб, стапало, рамена и лакотни зглобови
-
РТГ нативна на абдомен и уринарен тракт
-
Хистеросалпингографија (ХСГ)
-
Пасажа на тенки црева
Закажете преглед:







