Associate Professor Dr Sci Med Nikola Bakracheski Joins Plodnost Hospital

Доц. д-р Сци-Мед Никола Бакрачески започнува со работа во Болница Плодност

Plodnost Hospital proudly announces the beginning of its collaboration with Associate Professor Dr Sci-Med Nikola Bakracheski, one of the most renowned and experienced cardiologists in the region.

Доц. д-р Сци-Мед Никола Бакрачески започнува со работа во Болница Плодност

3 јануари 2025
img-1844-1200x1453.jpg

Водечка експертиза во кардиологијата сега достапна за пациентите во Битола

Болница Плодност го најавува почетокот на соработката со доц. д-р Сци-Мед Никола Бакрачески, еден од најреномираните и најискусни кардиолози во регионот. Како пионер и визионер во областа на кардиологијата, д-р Бакрачески носи со себе врвна експертиза, иновативни пристапи и долгогодишно искуство, овозможувајќи им на пациентите во Болница Плодност пристап до најсовремените медицински услуги.

Импресивно искуство и достигнувања

Со повеќе од 28 години искуство во кардиологијата и едукација стекната во водечки медицински центри низ Европа и Америка, д-р Бакрачески е синоним за посветеност и успех. Тој е основач на регионалниот центар за интервентна кардиологија во Охрид и на првата систематски организирана мрежа за лекување на акутен миокарден инфаркт. Зад себе има повеќе од 10.000 успешно изведени стентирања и коронарографии на срцеви, вратни и артерии на нозете, а исто така е пионер на ендоваскуларните процедури на вени во Македонија и сертифициран меѓународен инструктор.

Единствен Центар за ендоваскуларен третман на проширени вени во Македонија

Во рамките на Болница Плодност, под раководство на д-р Бакрачески, ќе функционира Центарот за ендоваскуларен третман на проширени вени – прв и единствен од ваков вид во земјата. Пациентите ќе имаат можност за третман со најсовремени методи и технологии, овозможувајќи прецизно и ефикасно лекување на венските заболувања.

Ендоваскуларни процедури:

  • • Радиофреквентна аблација на проширени вени
  • • Затворање со медицински адхезивен лепак (цианоакрилат)
  • • Склеротерапија со етоксисклерол
  • • Електрокоагулација на капиларни сплетови

Кардиолошки процедури:

  • ЕКГ и ехокардиографија (трансторакална и трансезофагеална)
  • Тестови на оптоварување (стрес тестови)
  • Холтер мониторинг (за хипертензија и ЕКГ)
  • Доплер на периферни артерии и вени

Достапност и консултации

Прегледите и консултациите со д-р Бакрачески ќе се изведуваат секој понеделник и четврток, овозможувајќи им на пациентите флексибилност и континуирана грижа.

Закажете термин за преглед и искористете ја можноста за врвна медицинска грижа од еден од најпочитуваните експерти во областа.

Контакт за закажување: 075 758 492

Болница Плодност продолжува да ги поставува стандардите во здравствената заштита, овозможувајќи пристап до современа медицина и врвни специјалисти.


Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност




Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност




Администрација Работно Време
ПОН-ПЕТ 08:00 – 19:00
САБ
08:00 – 13:00
Ординација по Педијатрија


Педијатрија Работно Време
ПОН-ПЕТ 08:00 – 13:30
САБ-НЕД Затворено

© 2025 Hospital Plodnost. All Rights Reserved.

MK