A Second Waterbirth On Her Birthday A Moment To Remember For Life

Второ породување во вода на роденден – момент кој се памети цел живот

Во Болница Плодност секое породување е единствено, но понекогаш животот приредува моменти кои стануваат врежани во сеќавањата засекогаш. Денес нашата пациентка ја доби најубавата роденденска честитка – нов живот. И тоа токму на нејзиниот роденден, со породување во вода. 

Второ породување во вода на роденден – момент кој се памети цел живот

7 април 2025
a-second-waterbirth-on-her-birthday.jpg

Во Болница Плодност секое породување е единствено, но понекогаш животот приредува моменти кои стануваат врежани во сеќавањата засекогаш. Денес нашата пациентка ја доби најубавата роденденска честитка – нов живот. И тоа токму на нејзиниот роденден, со породување во вода. 

Пациентката веќе еднаш го искуси породувањето во вода во нашата болница, и повторно одлучи да ѝ го довери на нашиот тим водството на нејзиното трето породување. Второто породување во вода. Втора радост на ист начин. Тоа не е случајност, туку длабока доверба и континуитет во изборот. 

Нашиот тим, со целосна посветеност, ја водеше оваа магична родилна приказна. Без медицински притисок, без инвазивни методи и со поддршка што доаѓа од разбирање, искуство и грижа. 

Зошто мајките избираат породување во вода? 

  • Овозможува природен тек на породувањето во смирувачка средина 
  • Намалува болка и потреба од медикаменти 
  • Обезбедува поголема контрола и подвижност за родилката 
  • Го поттикнува позитивното искуство и побрзо закрепнување 
  • Претставува нежна добредојдба за бебето 

Породувањето во вода не е само тренд. Тоа е свесна одлука базирана на информации, лични вредности и желба за природен пристап кон мајчинството. Во Болница Плодност, оваа опција е достапна само кај пациентки кај кои проценката покажува дека постојат сите услови за безбедна реализација. 

Нашата приказна денес не е само за породување. Таа е за традиција која продолжува, за жена што повторно ни ја даде највредната улога – да водиме едно ново раѓање. И тоа на денот кога и таа самата се родила. 

Тимот на Болница Плодност со огромна благодарност ја споделува оваа слика како потсетник дека раѓањето не е само биолошки чин. Тоа е емоција, почеток, доверба, и магија која се случува кога изборот е направен со срце. 

A Second Waterbirth On Her Birthday – A Moment To Remember For Life A Second Waterbirth On Her Birthday – A Moment To Remember For Life

© 2025 Hospital Plodnost. All Rights Reserved.

MK