Прва бременост со ИВФ во Плодност: Роден ВАСИЛИЈЕ после години обиди

Прва бременост, прво дете, бескрајна среќа.
Во Болница Плодност секој ден пристигнуваат нови пораки полни со благодарност, но некои приказни нè допираат подлабоко. Денес ја споделуваме радоста на Андјела и Владица од Алексинац, Србија – родители кои по долга и тешка борба конечно го пречекаа нивниот син Василије. На 16 мај 2025 година, во 14:36 часот, во Алексинац се роди бебето Василије, со тежина од 3410 грама и должина од 50 сантиметри. Роден по успешна ИВФ постапка направена во нашата болница – од првиот обид. За ова семејство, оваа бременост беше повеќе од медицински успех – беше исполнување на долгогодишен сон.
Ин витро постапката беше изведена од нашиот ИВФ тим, под водство на Прим. д-р Таше Трпчевски. Тимот беше достапен 24/7 во текот на целата бременост – од првата консултација до моментот кога Андјела ја сподели радосната вест со нас.
На фотографиите што ни ги испрати мајката, може да се види малиот Василије – симбол на надеж, упорност и безусловна љубов.
Во третата фотографија, е оригиналната порака испратена од Андјела, која завршува со зборовите
Jer sreća ima jedno ime, a to je bolnica Plodnost
Среќата има едно име, тоа е Болница Плодност
Ова не е само слоган. За нас, тоа е најголемото признание – кога родителите го чувствуваат Плодност како дел од нивното семејство.
Искуството на Андјела и Владица не е исклучок. Сè повеќе парови од Србија, Косово, Албанија и регионот доаѓаат во Плодност барајќи искуство, грижа и најсовремена ИВФ технологија. Нашата болница е една од ретките институции во регионот со 24-часовна достапност, тим од субспецијалисти за стерилитет.
На секој пар што се соочува со предизвикот наречен неплодност – сакаме да кажеме: не се откажувајте. Можеби токму вашиот пат води до Плодност.
Болница Плодност – Место каде вашите желби стануваат реалност.