Отстранет цервикален миом и целосно зачувана фертилност со 3D лапароскопија во Болница Плодност

Кога медицинската експертиза, прецизноста и технологијата се на највисоко ниво, се добиваат резултати што менуваат животи. Во Болница Плодност, со помош на напредна 3D лапароскопска технологија, беше изведена успешна хируршка интервенција кај млада пациентка, при што беше отстранет цервикален миом и целосно беше зачувана нејзината фертилност.
Операцијата ја изведе Д-р Христијан Трпчевски, со висок степен на прецизност и контрола благодарение на користењето на 3D лапароскопски систем од најнова генерација. Пациентката, која сѐ уште не ја завршила својата репродукција, беше со дијагностициран цервикален миом со димензии од 6 до 7 сантиметри. Миомот беше локализиран во близина на десниот уретер, што значително ја зголемуваше комплексноста и ризикот од операцијата.
Со внимателно ретроперитонеално препарирање, уретерот беше прецизно идентификуван и заштитен уште во рана фаза на процедурата. Благодарение на одличната ориентација во ретроперитонеалниот простор и напредната техника, целата интервенција беше изведена безбедно и без компромис на репродуктивната способност на пациентката.
3D лапароскопската технологија овозможува хирурзите да работат со зголемена длабочинска перцепција, појасна визуелизација и потполна контрола при манипулација со анатомски структури во чувствителни региони. Ваквиот пристап овозможува успешно решавање на сложени случаи без потреба од отворена хирургија, што значи побрзо заздравување и значително намален ризик од компликации.
Пациентката очекувано ќе ја напушти Болница Плодност веќе наредниот ден и ќе може да се врати на своите секојдневни активности. Но најважно од сѐ е тоа што нејзината фертилност е целосно зачувана и можноста за идно мајчинство останува недопрена.

Сѐ почесто се соочуваме со вакви предизвици, кои само ја потврдуваат довербата што пациентите ја имаат во нашиот тим. Овој случај е уште еден доказ дека лапароскопијата, кога се изведува од искусен тим со вистинска технологија, претставува сигурен и минимално инвазивен начин на лекување.
Ова е само уште една успешна приказна што ја потврдува нашата позиција како водечки центар за напредна лапароскопска хирургија во Македонија.



