Комплексен случај решен со напредна лапароскопија

30-годишна пациентка која претходно била оперирана во друга болница за време на породување, каде поради обилно крварење ѝ била извршена суптотална хистеректомија (отстрането телото на матката, но оставено грлото).
Постпартално (по породувањето) пациентката поради силни болки доаѓа во нашата болница каде беше констатиран голем ретроперитонеален хематом кој во тој момент го третиравме конзервативно - без хируршка интервенција.
Но, и покрај првичниот третман, болките не исчезнаа.
Со детална дијагностика констатиравме дека се работи за инфламаторен тумор од 5 cm, кој се наоѓаше во ретроперитонеумот и беше во колизија (контакт) со големите крвни садови. Ова беше последица на тоа што хематомот првично прогресирал и се инфицирал, станувајќи апсцес.
Заклучок: Со напредна лапароскопска хирургија, преку само две минимални инцизии од 5 mm го отстранивме инкапсулираниот инфламаторен апсцес (насобрана течност од инфекцијата опкружена со мембрана/капсула).
Овој случај претставува значаен клинички случај во минимално инвазивната хирургија, поради сложената локализација на апсцесот и ризикот од неговото блиско присуство до крвните садови.
Пациентката следниот ден ја напушти болницата без болки
Со нашиот лапароскопски тим во Плодност секој предизвик има решение!
Телефонски број за закажување термин 📞047 208 880

