Рекорд од 24 новороденчиња на неонатолошкиот оддел

Денес е посебен ден во историјата на нашата болница!
Со огромна радост го споделуваме нашиот нов рекорд – во моментов, на неонатолошкото одделение има 24 новороденчиња.
Горди сме што за прв пат постигнавме ваков успех и што имаме можност да бидеме дел од најсреќните моменти во животите на толку многу семејства.
Со задоволство објавуваме дека сите бебиња и нивните мајки се во одлично здравје. Проширувањето на нашата болница ни овозможи да имаме капацитет и ресурси за вакви моменти, каде што љубовта и животот се слават со ваква бројност.
Благодарност до сите семејства што ја избраа Болница Плодност во овие незаборавни моменти. Нека овој ден остане симбол на среќа, надеж и нови почетоци!


