Развојот на ембрионот – чекор по чекор

Како изгледа растот и развојот на ембрионот во првите денови?
Нашиот ембриолог Горан Стефановски објаснува што се случува во лабораторијата во секоја фаза од овој процес.
После оплодувањето, првиот знак за успешно спојување на сперматозоидот со јајната клетка е формирањето на поларното тело и почетокот на пронуклеарната фаза. Двата пронуклеуси се гледаат во оваа рана фаза, пред зиготот да започне со делба.
Првата делба создава двоклеточен ембрион, кој потоа преминува во четириклеточен, а постепено продолжува да се развива во 8-клеточен ембрион. Синхронизацијата на делбите е важен показател за квалитетот на ембрионот.
Следниот чекор е формирање на бластоцистата – структура во која веќе се разликуваат внатрешната клеточна маса (од која ќе се развие бебето) и трофектодермот.
На крај, зрелата бластоциста се шири и станува подготвена за враќање во матката, последниот чекор пред имплантацијата и почетокот на бременоста.
Во Болница Плодност, секој ембрионски развој го следиме со најсовремена технологија, обезбедувајќи најдобри можни услови за успешна имплантација.
