Гастроскопија

Гастроскопијата е иницијална процедура за потврдување на рефлуксен езофагит (рефлуксна болест), потврда на чир на желудникот и дуоденумот, но и за откривање на карцином на желудник и хранопровод.
Гастроскопија треба да направите доколку имате некои од следниве симптоми :
- Потешкотии во голтањето
- Гадење
- Повраќање
- Подуеност
- Болки во стомакот
- Болка и чувство на печење во градната коска
- Киселини
- Хелико-бактер пилори инфекција
Доколку овие симптоми траат подолго време треба да се консултирате со доктор-гастроентерохепатолог за понатамошна одлука за гастроскопија со цел да се исклучат потешки заболувања, а потоа да се премине кон терапија.
Со предвремено земање на терапија можат да се прикријат многу дијагнози како рак на желудник, па да биде доцна за термин.

Доколку имате црна столица или „melaena”, повраќање на крв или ,,haematemesis", тоа е индикација за ургентна гастроскопија.
Гастроскопијата претставува златен стандард за откривање на абнормалности во горниот дел на гастро-интестиналниот систем и не постои подобра метода која би ја заменила.
Закажете го Вашиот термин на 📞075 758 492 во нашата интернистичка амбуланта Интермед.