Посебен момент: Првото капење на новороденче

Првото капење на новороденчето е посебен момент!
Во Болница Плодност, првото капење се прави во пријатна средина со вода од 36-37°C температура што најмногу одговара на нежната кожа на бебето.
Новороденчињата се раѓаат со верникс казеоза - природен, заштитен слој што ја одржува кожата хидрирана, ја штити од бактерии и помага при терморегулација. Поради бројните придобивки, бебињата во болницата ги капеме само еднаш или двапати за време на престојот овозможувајќи му на верниксот да ги исполни своите природни функции.
По капењето, следува лесна масажа што го релаксира бебето, ја поттикнува циркулацијата и му помага полесно да заспие. Повеќето новороденчиња ја обожаваат оваа нежна рутина која докажано дава чувство на сигурност, нежност и топлина.
