ИВФ генерации - од новороденчиња до возрасни деца

Убаво чувство е кога нашиот тим од ИВФ одделот го посетуваат семејствата што ги добија своите најголеми богатства преку ин-витро во Плодност – од новороденчиња до веќе пораснати деца. 💙
Минатата година беше исполнета со радост и незаборавни моменти, кога заедно со овие семејства сведочевме на среќни почетоци, но и на убавите приказни на генерации кои растат и прераснале во прекрасни личности благодарение на заедничките напори и надеж на нивните родители и нашиот тим.
Секоја насмевка, секоја прегратка и секоја приказна е потсетник дека заедно сме придонеле за нешто навистина значајно, создавање живот и остварување на една голема желба. Благодарни сме за вашата доверба и за тоа што сме дел од вашите животни приказни. 💫



















