Tрибина по повод Светскиот ден на ретките болести
1 март 2025

Ретко е да си редок, но не си невидлив.
Во ОУ „Коле Канински“ – Битола се одржа значајна трибина по повод Светскиот ден на ретки болести, на која говорниците, медицинските експерти и засегнатите семејства ги споделија своите приказни и знаења за предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести. Ни беше чест што д-р Маргарита Камбовска, педијатар во болницата Плодност, беше експерт во трибината. Зборуваше за важноста од рана дијагноза, соодветна медицинска нега и мултидисциплинарен пристап во лекувањето на ретките болести кај децата. Свое искуство на настанот со поддршка од Конониор го споделија и Симона Јовеска, лице со ретка болест, која зборуваше за предизвиците со кои се соочува во секојдневниот живот и Николина Петровска, родител на дете со ретка болест, која зборуваше за борбата на семејствата за подобра поддршка и услови. Заменик градоначалникот Бојан Бојковски, кој истакна дека институциите имаат обврска да создадат подобри услови за лицата со ретки болести и нивните семејства. Ретките болести можеби се ретки, но луѓето што живеат со нив не се невидливи. Затоа како општество мора да покажеме емпатија, солидарност и да се залагаме за подобри медицински и социјални услови за сите.

Во Болница Плодност остануваме посветени на обезбедување грижа за сите пациенти, вклучувајќи ги и оние со ретки состојби.
Огромна благодарност до сите учесници што помогнаа да ја испратиме оваа важна порака, заедно сме посилни!