Лабораторијата за молекуларна дијагностика при ПЗУ Плодност нуди поголем број на молекуларно-билошки техники кои опфаќаат докажување, анализирање и детекција на присуство или отсуство на одредени причинители на болест ( бактериски и вирусни инфекции), рана детекција на болести ( присуство или отсуство на мутации поврзани со одредено генетско заболување) и генетски состојби. Детекцијата се врши со користење на универзална PCR техника и тоа real-time PCR и multiplex-real time PCR базирани на детекција на нуклеински киселини ( ДНК и РНК) кои се многу посензитивни и поспецифични во однос на традиционалните методи за детекција на вируси и бактерии.
Во склоп на лабораторијата за молекуларна дијагностика функционира и COVID центар во кој се изработуваат анализи за детекција на SARS-CoV-2/COVID-19 признаени и одобрени од страна на Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Светската Здравствена Организација (СЗО).
Лабораторијата за молекуларна дијагностика при ПЗУ Плодност ги нуди следните анализи и испитувања:
Covid-19 анализи
- Молeкуларна RT- PCR детекција на SARS-CoV-2 (Covid19)
- Молeкуларна RT- PCR детекција на SARS-CoV-2 (Covid19) и Influenza A+ Influenza B
- Брз антигенски тест
2. Femoflor Screen анализа
3. Androflor Screen анализа
4. HPV-Quant21 молекуларна анализа- детекција на 21 тип на високоризичен и нискоризичен HPV
5. Молекуларни анализи за детекција на Candida spp, Ureaplasma spp. и Gardnerella vaginalis
6. GBS- молекуларна анализа за детекција на Streptococcus agalactiae
7. MTNC- молекуларна анализа за детекција на сексуално преносливи инфекции (Мycoplasma genitalium, Тrichomonas vaginalis, Chlamydia trachomatis, Neisseria gonorrhoeae)
8. Молекуларна анализа за рана детекција на лактозна интолеранција
9. Молекуларна детекција на мутации во BRCA1 и BRCA2 гените
10. Тромбофилија и фолатен метаболизам
11. Молекуларна анализа за детекција на цистична фиброза
12. Фетална RHD генотипизација
13. Микроделеции на Y хромозомот со анализа на AZF регионот
Дипломиран молекуларен биолог
Дипломиран молекуларен биолог