5 совети како на Вашето бебе да му обезбедите удобност во текот на летото

5 совети како на Вашето бебе да му обезбедите удобност во текот на летото

8 јуни 2018

И бебињата ја сакаат комоцијата и уживањето во лето. Но, летото само по себе крие и недостатоци кои не се удобни за бебињата, а со тоа и за родителите. Ова се 5-те најважни совети преку кои на Вашето бебе во текот на летото ќе му обезбедите удобност и ќе ја намалите неговата раздразливост.

1.Одберете лесна, памучна облека
Кога е облеката во прашање, нема дилема – во текот на летото секогаш одберете лесна, памучна облека. Избегнувајте синтетика, затоа што тој материјал ја задржува топлината, на бебето ќе му биде топло и неудобно, а можна е појава и на нафрлување на кожата. Mалите бебиња до 3 месеци, се советува да бидат облечени во долги ракави и ногавици од многу тенок памук. Се препорачува тенко памучно боди со долги ракави, тенки шпилхозни со стопала, задолжително при излегување да се стави капче на главата, кое ќе биде памучно, со штитник кој фрла сенка на неговото лице.

2. Не заборавајте на постојаната хидратација
Во лето на сите им е потребно повеќе течности, а на бебињата посебно, затоа што нивното тело полесно губи течности и можат помалку да ја примат. На бебињата кои што се помали од 6 месеци, особено оние кои се само на доење, не им треба почесто вода отколку претходно, но мора да имате во предвид дека бебето може да цица почесто и пократко, а мајката тоа треба да го прифати. Ако бебето се храни со вештачко млеко, потребно е редовно да му се дава вода, претходно сварена и оладена на собна темепратура. Понекогаш, иако е водата главна, може на бебето да му се даде и овошен чај или свежо исцеден сок.

3.Внимавајте на исправноста на храната
Во лето храната побргу се расипува, така што кај бебињата кои се прихрануваат мора задолжително да се внимава на исправноста на храната. Гледајте најчесто храната да Ви е подготвена дома, во Ваши услови со Ваши продукти, а што помалку да ја купувате во продавниците.

4. Заштитете ја кожата на бебињата
Користете исклучително хидратантни креми наменети за бебиња и мали деца. Секогаш заштитете го бебето пред да го изложите на сонце. Во случај на појава на нафрлување, третирајте ја кожата со млака вода или физиолошки раствор. Иритираното место исушете го со тапкање со мека газа или оставете да се исуши на сонце. Советувајте се со педијатар или со патронажната сестра за користење на масти или креми.

5.Не излегувајте на јако сонце
Во лето со Вашето бебе излегувајте само рано на утро или во приквечерина. Избегнувајте изложеност на сонце од 10 до 18 часот. Ако баш мора да излезете, на Вашето бебе обезбедете му квалитетна заштита. Прекривките на детските колички најчесто се синтетички, така што препорачуваме да го покриете со памучна пелена, за да не му е топло. Осигурајте му на бебето и сигурен проток на воздух, така што ќе ги отстраните плишаните и висечките играчки од количката. За играње, ќе имате можност тоа да го направите дома.

Имајте убаво, топло и мирно лето, заедно со Вашето бебе и уживајте во неговото растење.


Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност




Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност



Контакт


Закажи Преглед

Администрација Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 19:00
САБ 08:00 – 13:00

Ординација по Педијатрија

Педијатрија Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 13:30
САБ-НЕД Затворено


Локација

lokacija-plodnost

Болница Плодност се наоѓа на улица Асном бр.9 (на патот за лавчанска населба познато како Лавци). За насоки до нашата болница кликнете на подолниот линк.

© 2023 Болница Плодност. Сите права се задржани.

mk_MK