МИОМ СО ГОЛЕМИНА ОД 5 САНТИМЕТРИ – РЕДОВЕН ОПЕРАТИВЕН ЗАФАТ НА Д-Р ХРИСТИЈАН ТРПЧЕВСКИ
Кај инфертилна пациентка, направена е во еден акт (со една операција), вадење на миом со големина од 5 cm. Тоа е голем миом со оглед на локализацијата, кој ја исполнуваше целата шуплина на матката и оттаму предизвика неплодност.
МИОМ СО ГОЛЕМИНА ОД 5 САНТИМЕТРИ – РЕДОВЕН ОПЕРАТИВЕН ЗАФАТ НА Д-Р ХРИСТИЈАН ТРПЧЕВСКИ
7 мај 2022
Големината на момите сместени во шуплина на матката игра круцијална улога за комплетно вадење по хистероскопски пат во еден чекор без повторна операција. Миом над 3 cm кај пациентка е со ризик за мултипни процедури.
Кај инфертилна пациентка, направена е во еден акт (со една операција), вадење на миом со големина од 5 cm. Тоа е голем миом со оглед на локализацијата, кој ја исполнуваше целата шуплина на матката и оттаму предизвика неплодност. Ризикот за вадење по хистероскопски пат е голем, со оглед на големината на миомот и неможноста за слободна манипулација со ресектоскопот, затоа што може да дојде до поголемо крварење.
Медицинскиот тим, предводен од д-р Христијан Трпчевски, направи успешно вадење на целиот миом во еден акт без никаква компликација Инаку, миоми помали од 3 cm во шуплината на матката, за нас се веќе рутинска постапка. Оваа големина на миоми од 5 cm е cut off за хистероскопско вадење на истите. Пациентката ја напушти болницата по само 5 часа.
Ова е потврда дека го достигнавме горниот лимит, односно сме меѓу најдобрите за вадење на миоми по хистероскопски пат. Едни и единствени во регионот, Болница Плодност.