Кога и зошто да се примени Дабл тест

Кога и зошто да се примени Дабл тест

2 Qershor 2018

За следење на бременоста потребни се доста тестови кои мораат да се направат кај трудницата. Еден од таквите тестови кои се дел од испитувањето во бременоста е Дабл тестот. Тој помага во детектирањето на аномалиите на сеуште нероденото дете и со него се одредува ризикот од Down-ов синдром.

Всушност тој ја детектира состојбата на фетусот пред раѓањето и најчесто се прави помеѓу 14 и 20 недела на бременоста.Овој тест ги дијагностицира хромозомските абнормалности кои што можат да се јават после концепција. Тоа не е крајно невообичаено, бидејќи тие можат да се јават на еден од 700 случаеви.

Зошто е значаен дабл тестот?
Денес постојат повеке различни видови на тестови, а со помош на дабл тест може да се дијагностицира присуство на Down-ов синдром кај Вашето бебе. Тој е многу важен кај жените кои се постари од 35 години. Веројатноста да се јави хромозомска абнормалност или Down-ов синдром е многу голема кај постари трудници. Сега овој тест се прави како рутински тест и се советуваат сите трудници да го направат, за да бидат сигурни дека се е во ред со нивното бебе.

Постојат повеке различни тестови кои во денешно време се прават во здравстевните установи. Некои се прават во 14-тата, а некои во 20-тата недела од бременоста. Овие тестови обично се комбинација на ултразвук и параметрите кои се добиени од крвта.Сепак ова се само скрининг тестови и ја покажуваат веројатноста од ризикот, но пациентките сакаат да знаат дали нивното бебе кое го носат има Down-ов синдром или не. Сепак лекарите овие тестови ги сметаат за многу прецизни и советуваат да се направат. Прецизноста исто така многу зависи од ултразвучниот апарат и од искуството на лекарот. Шансите за правилно да се дијагностицира дали се е во ред со вашето бебе или не се многу големи, па зошто да не ги направите поради претпазливост.

Предности на дабл тест
Ви дава време да размислите и да се консултирате со својот лекар околу некои попрецизни тестови во врска со дијагностицираниот Down –ов синдром.

Висок процент на точност
Доколку е дијагностициран позитивен тест и е потврдена дијагнозата на пример со амниоцентеза, бременоста може да се прекине. Доколку е направен тестот порано, компликациите поради прекинот на бременоста ќе биде помал, а може да се избере и прекин на бременоста со вакуум.

Кога и зошто да се примени Дабл тест – совет од д-р Кристинка Пајаковска
Dr Kristinka Pajakovska


Plodonost Logo

ISHP Spitali PLODNOST Manastir




Plodonost Logo

ISHP Spitali PLODNOST Manastir



Na konaktoni


Rezervo një takim

Orari i punës së administratës

HËNË-PREMTE 08:00 – 19:00
SHTUNË 08:00 – 13:00

Reparti i pediatrisë

Orari i punë së pediatrisë

HËNË-PREMTE 08:00 – 13:30
SHTUNË-DIEL MBYLLUR


Vendndodhja

lokacija-plodnost

Spitali Plodnost gjendet në rr. ASNOM nr. 9 (në rrugën Lavçanska e njohur si Lavci). Për udhëzime deri te spitali jonë, klikoni në linkun e poshtëm.

©2022 Hospital Plodnost. All Rights Reserved.

sq