45% УСПЕШНОСТ ВО ИВФ ПОСТАПКИТЕ

  • македонски

Работно време: : 24/7
  Контакт : +389 47 208 880

Тројца претставници од Болница „Плодност“ на симпозиум во Барселона

Од 1 до 4 јули во Барселона, Шпанија, се одржа 34-от годишен симпозиум на Европското здружение за хумана репродукција и ембриологија. На овој, најмасовно посетен симпозиум од сите досегашни, кој се одржа во Centre de Convencions Internacional de Barcelona (CCIB), учествуваа 12.179 учесници од 130 земји во светот. Меѓу нив беа и претставниците од Болница „Плодност“ д-р Христијан Трпчевски и ембриолозите Николче Огненовски и м-р Стефан Матиќ.

На овој саем беа презентирани најновите технички и научни достигнувања од областа на асистираната хумана репродукција, како и најновите тераписки модалитети, а беа одржани и предавања од областа на репродуктивната медицина, фармакотерапија во репродуктивна медицина, клиничка и базична ембриологија, андрологија и репродуктивна урологија, репродуктивна генетика и клиничка психологија и легислатива, од страна на реномирани и истакнати светски предавачи.

Нашиот тим зеде активно учество во целодневните курсеви пред конгресот на 01 јули, од кои д-р Христијан Трпчевски работеше на Процедури и техники за ембриотрансфер, а ембриолозите Николче Огненовски и м-р Стефан Матиќ беа дел од Основите и развој на системи за култивација во ИВФ.

Она што како искуство со себе го донесоа нашите претставници од Барселона, се најновите достигнувања презентирани преку бројните предавања, практичната работа, а остварија многу важни контакти и договорија соработки со врвни центри и производители од Европа и светот.