45% УСПЕШНОСТ ВО ИВФ ПОСТАПКИТЕ

  • македонски

Работно време: : 24/7
  Контакт : +389 47 208 880

46 Октомвриски средби – стручно едукативниот собир на медицински лаборанти и санитарни техничари

Претставници на Болница „Плодност“ беа дел од 46 Октомвриски средби , што се одржаа од 04-07 октомври во хотелот „Аквалина“ во Охрид.

На стручно едукативниот собир на медицински лаборанти и санитарни техничари на Република Македонија со меѓународно присуство, учествуваа лаборантите Даниел Костевски и Аце Радовски, како и медицинските сестри Марија Василевска и Анета Вељановска.

Свое предавање на тема „Одредување на ниво на антимулеријан хормон (АМХ) во тек на ИВФ постапки“ имаше лаборантот Даниел Костевски, чија презентација предизвика голем интерес кај учесниците на стручните средби. На овој начин Болница „Плодност“ постојано го надградува стручниот аспект на своите вработени лица, во насока на уште поголеми знаења, а со тоа и подобра медицинска услуга за своите паценти.