45% УСПЕШНОСТ ВО ИВФ ПОСТАПКИТЕ

  • македонски

Работно време: : 24/7
  Контакт : +389 47 208 880

Претставници на Болница „Плодност“ на симпозиум во Лесковац

Изминатиот викенд, поточно на 25-26 мај во Лесковац, Р.Србија, се одржа Симпозиум на тема „Научна и практична примена во борбата против стерилитетот – следни чекори“.

Учесници на овој симпозиум, а воедно и претставници на Болница „Плодност“ беа прим. д-р Таше Трпчевски, специјалист гинеколог-акушер и субспецијалист за стерилитет и инфертилитет и ембриолозите Николче Огненовски и м-р Стефан Матиќ. Од овој симпозиум нашите претставници донесоа нови сознанија и искуства од регионот и Европа за ИВФ постапките и подобрување на успехот во примената, како и во лечењето на стерилитетот.