Д-р Апчевска со нови неонатолошки сознанија
5 May 2018
Под водство на проф. Фридрих Рајтерер, во организација на Медицинскиот универзитет од Грац, Австрија и Американско-австриската фондација, во соработка со Медицинскиот факултет од Скопје, на 1 мај годинава се одржа „THE OMI SATELLITE SIMPOSIUM; MOTHER&INFANT HEALTH“.
На истиот присуствуваше прим.д-р Аница Апчевска од неонатолошкиот оддел во Болница „Плодност“. на симпозиумот беа обработени исклучително значајни теми за унапредување на квалитетот на згрижување на мајките и новородените, во рамки на проектите за намалување на перинаталитетот и неонаталниот морталитет во нашата држава.