„Вродени аномалии-предизвици, дилеми и третман“ – симпозиум
На мултидисциплинарниот симпозиум на тема „Вродени аномалии-предизвици, дилеми и третман“, кој се одржа на 07-08.06.2018 во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, како претставници на „Болница „Плодност“ Битола учествуваа д-р Кристинка Пајаковска – специјалист гинеколог-акушер, д-р Марија Христовска – специјалист гинеколог-акушер и д-р Маргарита Камбовска – специјалист педијатар.
На симпозиумот, акредитиран од страна на Македонското лекарско друштво, кое беше и организатор на настанот и Лекарската комора на Македонија, во шест сесии беа претставени најновите научни сознанија за модерниот пристап на дијагностика и третмани при рано откривање на одредени аномалии, пренатална дијагностика на генетски болести, прекинување на бременоста при одредени заболувања на плодот итн. Тимот на Болница „Плодност“ – Секогаш во чекор со најновите медицински сознанија.