Прим. д-р Таше Трпчевски на прес-конференција за доградбата на болницата “Плодност“

Како и најави сопственикот на болницата “Плодност“ од Битола, прим. д-р Таше Трпчевски, денес на прес конференција се огласи околу доградбата на болницата, кое ви го пренесуваме во целост:

Прим. д-р Таше Трпчевски на прес-конференција за доградбата на болницата “Плодност“

26 April 2021
Plodnost-Dogradba-1200x592.jpg

Како и најави сопственикот на болницата “Плодност“ од Битола, прим. д-р Таше Трпчевски, денес на прес конференција се огласи околу доградбата на болницата, кое ви го пренесуваме во целост:

Почитувани новинари, почитувана јавност,

Поттикнат од наводите изнесени на пресот на Градоначалничката Наташа Петровска, одржан на 23.04.2021 година, на кој ја раскажа приказната во врска со постапката за издавање дозвола за доградба за болница „Плодност“ и на кој именуваната наведува „дека ќе изнесе информации до јавноста во „интерес на вистината“ го давам следниот демант:

Вистината е само една, а тоа е онаа која се докажува со факти и докази, а не со раскажување на приказни!

https://youtu.be/o3m9BbzTl6Y

Постапката за добивање на одобрение за доградба болницата „Плодност“ и „Плодност Медика“ ДООЕЛ Битола, се започна на ден 22.09.2020 година, согласно чл.59 од Законот за градење, со поднесување на барање по електронски пат до Општина Битола. На 17.11.2020 година издадена е потврда за заверка на основниот проект. На 23.11.2020 година, издадена е пресметка за уредување на градежно земјиште, потпишана од три лица од Општината Битола и тоа
– советник за уредување на градежно земјиште
– раководител на одделение за администрирање на приходи
– Градоначалничката.

Согласно пресметката истиот ден, надоместот е платен од нас како инвеститори и склучен е Договор за уредување на градежно земјиште, кој исто така е потпишан од истите лица, како и пресметката. Согласно чл. 59 од Законот за градење по доставување на доказ дека се уплатени пресметаните комуналии и по потпишување на Договорот за уредување на градежно земјиште, ние како инвеститори ги завршиме законските процедури и обврски према Опшината за добивање на дозвола за градба.

По оваа фаза обврска на Градоначалникот е во рок од 5 дена да го издаде одобрението за градба. Роковите во законот се преклузивни и треба да се почитуваат од страна на институциите така како што се пропишани, во спротивно согласно одредбата од чл. 61 од Законот за градење ќе сноси кривична одговорност, цитирам: – „Доколку надлежниот орган издаде одобрение за градење спротивно на овој закон или не издаде одобрение за градење, односно не го одбие барањето за одобрение за градење во рокот од членот 59 на овој закон, (се мисли на рокот од 5 дена) одговорното лице, подлежи на кривична одговорност согласно со Кривичниот законик.“

Според наведеното, Градоначалникот во предметниот случај на „Плодност“ Битола, требаше да го донесе горенаведениот акт со кое се одобрува или не се одобрува доградбата, најдоцна до 29.11.2020 година. Но, наместо одобрение за доградба, настана молк!  Поминуваа денови и недели, но никаква информација немавме, зошто не е постапено. Неофицијално ни беше кажано дека повеќе службени лица, отсуствуваат од работа поради ковид или болест и истото го прифатиме како објективна околност и причина и дека прашање на време е кога ќе се издаде актотот- одобрение за градба, но бевме доведени во заблуда.

Кон средината на декември, се започна со вршење на подготвителни работи за дислокација на паркингот, вадење на коцката, пресадување на дрвата, дислокација на инсталацијата за атмосферските и фекалните води, подземната електрична инсталација. За да не губам време, сеуште надевајќи се дека одобрението не е потпишано заради болест на службените лица, решив да ги отпочнам барем припремите за градба, (ископи и тампонирање заради стабилизација на теренот). Дали со тоа се доведов во ситуација да го прекршам законот или не институциите ќе кажат, а јас не бегам од одговорност.

Во врска со погрешната пресметка за прв пат добив неофицијална информација од вработено лице во Општината по Новогодишните празници и ми беше сугерирано од истото да го повлечам барањето за доградба, бидејќи пресметката била грешна. На Болница „Плодност“ и беше одобрен кредит од 3,5 милони евра врз основа на тоа барање на градба, платени се трошоци за нотари, вешти лица, провизии, така што не е едноставно да се повлече барањето за градба, а поготово за грешките направени од Општината.

Пресметката беше потпишана од градоначалничката и ние ја плативме така како што беше и издадена. Во која правна држава странките одговараат за грешките на институциите?! Бидејќи не постапивме по усните сугестии на службеното лице, Општина Битола на ден 18.01.2021 година, (надвор од сите законски рокови по скоро два месеци) донесе писмен документ со кој ја огласи пресметката за ништовна. Против таквиот акт поднесов жалба до Министерството за транспорт и врски.

Но, како одминуваше времето сфатив дека јас секојдневно трпам штети со ваквото одолговлекување на постапката, плаќам камати за веќе одобрен кредит, градежните фирми со кои ги договарав градежните работи почнаа да ми ги откажуваат договорите и од тие причини на ден 08.03.2021 година поднесов барање до Општина Битола да ми биде издаде нова пресметка, која безусловна ќе ја прифатам, за да ги намалам штетите кои ми се причинуваат секојдневно.

На ден 12.03.2021 година добив одговор од Општина Битола дека треба да доставен доказ дека жалбата ја повлекувам за да можат да ми издадат новата пресметка. Друг услов во писмениот одговор од Општината не е споменат. Веднаш ја повлеков жалбата, поточно на ден 23.03.2021 година и ја известив Општината, но повторно бев доведен во заблуда, ме натераа да се откажам на моја штета од со Устав и закон загарантираното право на правна заштита, а не издадоа нова пресметка. Дали и овој одговор на Општината претставува „грешка“ како и „пресметката“. До денес немам добиено нова пресметка која сум согласен да ја платам. На тој начин инвестицијата е оневозможена во целост!

Почитувани, сите писмени документи на кој се повикувам, ќе Ви бидат дадени на увид, во интерес на вистината. Се прашувам каде е мојата вина за грешките на Општината и безусловно се согласувам со изјавата на градоначалничката дека никој не смее да биде привилигиран пред законот и доколку имам и најмала вина јас достоинствено ќе ги сносам последиците, но барам законот да се примени и за другата страна.

Зошто за последиците како што појаснува граданочалничката врз Буџетот на Општина Битола, предизвикани од документ кој истата лично го потпишала, не може да се бара одговорност само кај службените лица, тука и кај себе, а јас најмалку како странка сум виновен за истото?!

Сакам да истакнам дека единствената цел ми е да се изборам за правдата. Ја молам јавноста и политичките партии да не ги злоупотребат овој допис во политички цели. Политиката не моја опција.

На крај, укажувам дека Плодност како бренд и заштитник на здравјето на граѓаните и најмладите ќе живее и ќе ги преземе сите законски дејствија за остварување на својата визија, а тоа е осовременување на здравствениот систем и пружање на модерна сигурна и квалитетна здравствена помош на сите на кои таква му е потребна. Целокупната оваа наша мисија е насочена кон таа цел!

Јас дефинитивно се откажувам од оваа инвестиција. Можеби во иднина ќе ја реализирам, доколку некој ќе умее да го цени она што јас го правам и ќе знае да ги цени придобивките на градот и на битолчани од оваа инвестиција. Паркингот повторно го враќам во функција во овој момент завршувам со оваа голгота.

Конечно, убедени сме дека јавноста од начинот на постапување и однесување на Општината кон оваа установа може сама да оцени дали Општина Битола ги исполни и примени стандардите и правните норми.

Прим. д-р Таше Трпчевски


Plodonost Logo

PZU Hospital PLODNOST Bitola




Plodonost Logo

PZU Hospital PLODNOST Bitola



Contact Us


Book an Appointment

Administration Working Hours

MON – FRI 08:00 – 19:00
SAT 08:00 – 13:00

Department of Paediatrics

Paediatrics Working Hours

MON – FRI 08:00 – 13:30
SAT – SUN CLOSED


Location

lokacija-plodnost

Hospital Plodnost is located at St. ASNOM no.9 (on the road to Lavchanska known as Lavci). For directions to our hospital click on the link below.

© 2023 Hospital Plodnost. All Rights Reserved.

en_US